Перо Антиќ ќе ја води македонската кошарка и во наредните четири години

од Nikola Popovski

Претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ), Перо Антиќ доби уште еден мандат за да ја води македонската кошарка.

На Изборното собрание на КФСМ, Антиќ беше единствениот кандидат за претседател и доби 40 гласа од делегатите, а еден гласал против.

Тој го објави и списокот на членови на новиот Управен одбор. Во наредиот четиригодишен период во работата на федерацијата ќе помагаат: Димитар Ефтимовски како потпретседател, потоа Ѓорѓе Војновиќ, Илија Мерџановски, Владимир Арсовски, Блаже Костадинов, Игор Мицевски, Алтин Малиќи, Аднан Шариќ, Амир Абед, Слободан Трајковски, Виктор Петрушевски, Бранислав Стојановски, Мустафа Ливарека, и членовите на ова тело по автоматизам, Стојмир Дејановски, како претставник на Прва лига-мажи, Јордан Цветановски, претставник на Прва лига-жени, Енвер Мифтари, претставник на Втора лига-мажи, Владимир Огњановски, претставник на Младинските лиги, и Александар Јончевски, претставник на Здружението на кошаркарски тренери.

Еден од најуспешните македонски кошаркари на сите времиња, на 15 мај 2019 година првпат едногласно беше избран за претседател на КФСМ.

Антич беше трикратен европски клупски шампион и две сезони играше во НБА лигата.

Професионалната кариера ја заврши во 2018 година во Црвена звезда, а играше и за Работнички, АЕК, Фенербахче, Олимпијакос, Атланта Хокс, а со репрезентацијата го освои четвртото место на ЕП 2011 во Литванија.

Слични содржини