Песков: Пристапувањето на Украина во ЕУ ќе доведе до колапс на европскиот блок

од Vladimir Zorba

Пристапувањето на Украина во Европската унија ќе го поткопа целиот паневропски систем на европскиот блок и на крајот ќе доведе до негов колапс, оцени денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој смета дека одлуката за прием на земја како Украина во ЕУ, без оглед на нејзините територијални проблеми, едноставно ќе го поткопа целиот систем на ЕУ.

„Трезвените умови разбираат дека тоа ќе биде товар што ЕУ едноставно нема да може да го поднесе, како резултат на што ЕУ ќе пропадне под товарот“, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесе ТАСС.

Слични содржини