Пет намирници кои е најдобро да ги јадете на празен стомак

од Stefanija Kuzmanovska

Иако е многу важно да внимаваме на храната што ја јадеме, треба и да внимаваме во кое време од денот консумираме одреден вид на храна.

Појадокот е најважниот оброк во денот, но не е добра идеја да имате обилен оброк веднаш по будењето, пишува Femina.in.

На вашите органи им треба време да се разбудат и да се „раздвижат“. Нутриционистот Ловенет Батра од Њу Делхи составил листа на намирници кои ќе го забрзаат вашиот метаболизам и ќе бидат одлично „гориво“ за вашето тело за успешно започнување на денот.

Еве кои намирници би било добро да ги јадете пред појадок или на празен стомак:

1. Бадеми

Бадемите се богати со најважните витамини и минерали, а многу е корисно да изедете пет до 10 бадеми после подолг период без јадење. Ова ќе ни обезбеди многу хранливи материи и нема да чувствуваме глад толку често во текот на денот.

Одлична идеја е бадемите да ги потопите во вода, бидејќи на тој начин тие имаат уште посилна моќ – лушпата на ова овошје содржи танин, кој ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи, а кога кората од бадемот е добро натопена, хранливите материи полесно се ослободуваат.

2. Мед со топла вода

Добро е познато дека оваа комбинација го подобрува варењето и благотворно делува на имунолошкиот систем, а кога се зема на празен стомак – одлично делува на метаболизмот.

За разлика од многу пијалоци за слабеење кои се препорачуваат, комбинацијата на вода и мед, понекогаш со додавање на лимон, има многу малку калории и дава енергија и поттикнува детоксикација.

3. Суво грозје

Сувото грозје содржи висока концентрација на калиум и железо. Потопете го сувото грозје во вода преку ноќ, бидејќи така ќе ја зголемите апсорпцијата на хранливи материи.

Бидејќи сувото грозје е полно со природни шеќери, ја зголемува енергијата наутро и ве подготвува за остатокот од денот. Исто така, помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта.

4. Лубеница

Идеално време за уживање во лубеницата е наутро, односно идеално е да се јаде на празен стомак бидејќи е многу богата со електролити, лесна е и има многу различни хранливи материи.

5. Чиа семе

Овие ситни семки ги содржат сите девет есенцијални амино киселини, а има и есенцијални масни киселини, магнезиум, железо, витамини од групата Б… Се препорачува чиа семето да се подготва претходната вечер, или потоа да се остави да отстои во вода или млеко за да набабри, а потоа се меша со свежо овошје.

Слични содржини