Петар Рупески од Варош го фати крстот во Охрид

од Aleksandar Petrovski

Најсреќен меѓу стотината верници кои утрово се фрлаа по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, беше 30-годишниот Петар Рупески од Варош, кој прв успеа да доплива до крстот.

Рупески светиот крст го фаќа по петти пат. Настанот го следат неколку илјади охриѓани и гости од земјава и странство.

Слични содржини