Петков: Доаѓам во Скопје со конструктивен тон и подготвеност да почнеме да работиме заедно

од Vladimir Zorba

Доаѓам со конструктивен тон и подготвеност да почнеме да работиме заедно. Немам подготвен документ или нешто, бидејќи сите тие документи немаат поента, ако не им дадеме вистинска мотивација дека мора да ја завршиме работата. Јас предлагам документите да ги оставиме како втор чекор, а прво да почнеме, за да има нешто за што ќе пишуваме во следниот документ. Инаку, опасноста е дека ние ќе напишеме документ и после што од тоа. Тука, задачата е да направиме програма, да ги направиме работните групи, да започнеме со дијалог, да имаме чувство на меѓусебна доверба и дека од двете страни има добри намери и да си ги поставиме целите, кои што сакаме да ги постигнеме за максимално краток период, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за МИА.

Бугарскиот премиер, кој го оцени како мошне конструктивен телефонскиот разговор, што го имал со мандатарот Димитар Ковечевки и изрази уверување дека тие двајцата како луѓе од економската и бизнис сферата имаат слична енергија за да ги придвижат работите, изрази надеж дека за време на посетата ќе се договорат околу формирањето на петте работни групи – за економија, култура, инфраструктура, евроинтеграција и историја.

Соработката и добрососедството вели Петков, треба да ги зајакнат интересните групи во одредена сфера, а не политичарите. Целта на посетата, додава тој, е да се направи програма за средбите на тие работни групи, кои би се состанувале секоја од нив еднаш месечно, со што би се остварил напредок по сите прашања.

Слични содржини