Петков: Треба да го преиспитаме пристапот кон Македонија

од Nikola Popovski

Копретседавачот на „Продолжуваме со промената” која победи на парламентарните избори во Бугарија и иден премиер, Кирил Петков уште еднаш повтори дека треба да се преиспита пристапот на Софија кон Скопје.

Тој смета дека треба да се формираат работни групи во различни насоки и да работат слично како и консултациите со коалициските партнери.

-Да има работни групи за економија, инфраструктура, култура, историја, човекови права и да почнат да работат на секоја од овие теми што е можно потранспарентно, за да можат двата народа да се запознаат со реалните теми и секој да почне да размислува која е цената ако нема добрососедство меѓу двете земји и обратно – какви се успесите ако има вистинско добрососедство, вели Петков во интервју за бугарското приватно национално радио „Дарик“.

Според Петков, така темата за историјата, која не треба да се игнорира, ќе стане една од темите на разговор, но нема да биде единствена.

Петков рече дека за да стигне до Скопје со авион морал да лета преку Виена и праша зошто нема железничка линија која ќе ги поврзе Бугарија и Северна Македонија.

Слични содржини