Петровска: Со враќањето на Ставрески се потврди присуството на истата режимска матрица во ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема никаква промена. Таму е присутна истата режимска матрица на Никола Груевски. Последен доказ за тоа е и враќањето на висока партиска функција на кумот на Груевски и поранешен министер за финансии Зоран Ставрески, изјави пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска,на денешната прес конференција.

“Тоа е истиот Ставрески кој во 2012 на црниот понеделник даде налог на собраниското обезбедување насилно да ги исфрли прво новинарите, а потоа и пратениците од собраниската сала. Ставрески кој како министер за финансии ја презадолжи државата за да се финансира проектот Скопје 2014. Ставревски кој беше десна рака на Никола Груевски во водењето погубни економски политики за што тој самиот кажа „Трошиме за чоколадо а немаме ни за леб“Денес, тој ист Зоран Ставрески ќе ја контролира работата и ќе им наредува на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.” изјави Петровска.

Според владечката партија, се појасно станува брзањето на Мицковски да ја превземете власта. Под притисок на бегалецот од Будимпешта, правите план за негово враќање. По негова насока ги враќате на пртиски позиции неговите најблиски соработници.

Слични содржини