Пилешки шницли во сос од кашкавал

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 4 пилешки шницли

– 40 гр путер

– 2 лажици брашно

– 250 мл пилешка супа

– 130 мл млеко

– 130 мл павлака за готвење

– магдонос

– сол, бибер

– 100 гр рендан кашкавал

Подготовка:

Зачинете ги шницлите од сите страни со сол и бибер по вкус, а потоа кратко пропржете ги на малку масло од сите страни додека не ја сменат бојата.

Ставете ги во садот во кој ќе го подготвите јадењето. Во друг сад додадете го путерот, а кога ќе се растопи додадете го брашното и мешајте додека не добие светло кафена боја.

Додадете ја бистрата пилешка супа и постојано мешајте за да избегнете грутки. Додадете млеко и павлака, па зачинете со магдонос.

Кога ќе згусне, тргнете го од шпорет и додадете рендан кашкавал, па прелијте ги шницлите.

Посипете со рендан кашкавал и ставете во рерна да се пече на 190 степени околу 30 минути.

Слични содржини