Пилот на патнички авион починал за време на лет: Отишол во тоалет и колабирал

од Stefanija Kuzmanovska

Капетанот Иван Андор (56) се чувствувал лошо три часа на летот на LATAM Airlines од Флорида до главниот град на Чиле, Сантијаго. Тој во еден момент отишол во тоалет, но таму колабирал. Екипажот се обидел да му пружи прва помош, но несреќниот пилот за жал починал, пишува „Индипендент“.

Пилотот со 25-годишно искуство беше прогласен за мртов половина час подоцна откако авионот слета на аеродромот Токумен во Панама Сити.

„Групата LATAM Airlines известува дека летот ЛА505, кој бил на релација Мајами-Сантијаго, морал да слета на меѓународниот аеродром Токумен во Панама поради итна медицинска помош за еден од тројцата членови на командниот екипаж. Кога авионот слетал, интервенирала итната помош, но за жал пилотот починал“, стои во соопштението на авиокомпанијата.

 

„Длабоко сме трогнати од она што се случи и изразуваме искрено сочувство до семејството на нашиот вработен. Длабоко сме благодарни за неговата 25-годишна кариера и неговиот вреден придонес, кој отсекогаш се карактеризирал со неговата посветеност и професионалност. Во текот на летот, беа имплементирани сите неопходни безбедносни протоколи за да се заштити животот на пилотот“, се додава во соопштението.

По инцидентот, летот го напушти Панама Сити во вторникот и продолжи кон Чиле.

Слични содржини