Пилотот им јавил на родителите дека ќе им прелета над куќата, па настрада

од Aleksandar Petrovski

Пилотот Звонко В. од Долна Борина загина утрово во пад на воен српски авион во Бразина. Како што дознава српски Телеграф, Звонко им соопштил на своите родители само еден час порано дека ќе прелета над куќата.

– Звонко направи круг над местото каде што порасна. Родителите знаеја дека ќе прелетаат над куќата. Еден час порано, тој најави дека ќе помине на овој начин. Слушнав звук како ги поздравува моите родители. Дали беше тоа поздрав за иднината … Тој се спушташе на земја кружејќи, се врати нагоре, но не му успеа … Она што се случи се случи … Сето тоа го видов – изјави соседот Чедомир Андриќ.

Тој додава дека неговиот вујко, кој исто така бил пилот, и кој починал пред неколку години, живеел во куќата покрај онаа на Звонко.

– Тој ми беше школски другар. Падна од плочата кога беше со семејство на кое им помагаше да се бетонира … – рече соговорникот.

– Половина час пред летот, ми се јави Звонко, ми рече да излезам на терасата дека ќе прелета над нашите куќи – изјави мајката Мара за „Новости“.

– Го чекав „како сонце“, тој е наша гордост и радост во секоја смисла, и како дете, и како маж и како пилот. Не знам што се случило во меѓувреме – додава мајката.

– Вујкото на Звонко беше ветеран, искусен пилот и тој беше во војна во поранешна Југославија. Љубовта кон летањето Звонко ја наследил од него. Тој како дете рече дека ќе биде пилот. Не го интересираше друга професија. Тој беше еден од најдобрите студенти, а подоцна и пилот. Звонко минатиот месец беше на одмор и беше во селото. Тој беше многу приврзан за селото – рече еден од неговите пријатели кој е во неверување и сè уште не прифаќа дека Звонко го нема повеќе.

Тој беше прекрасен човек. Се најдобро во врска со него. Не можам да разберам зошто им се случуваат толку лоши работи на толку прекрасни луѓе – рече еден сосед, зборувајќи шокирано.

Според Министерството за одбрана, несреќата се случила утрово во 9:10 часот. Несреќата се случи при извршување на редовна задача на летот.

– Авионот беше прегледан утрово во согласност со сите процедури, а по извршениот увид, констатирано е дека е исправен и подготвен за лет – соопшти српското Министерство.

Слични содржини