Пицула: Земја членка на ЕУ не треба да ја користи националистичката преткапмања за штета на С.Македонија

Известувачот од Европскиот парламент за Црна Гора, Тонино Пицула изјави дека моментално во Брисел владее време на разноразни блокади и користења на вета за ЕУ.

„За жал, иницијалниот план за отворање на меѓувладината конференција со С.Македонија и Албанија не е постигнат“, истакна Пицула.

Заклучоците на министрите на ЕУ за проширување со земјите од Зпаден Балкан во вторникот беа блокирани, а министрите на ЕУ не ги усвоија заклучоците како што и се очекуваше.

Европските министри само накратко се осврнаа на нацрт заклучокот за Западен Балкан, а прашањето на отворање на преговори со Албанија исто така беше ставено на страна, имајќи ги предвид замерките за владеењето на правото во Албанија на кои се приклучија повеќе членови на ЕУ, а особено Франција, Холандија и Шведска.

Пицула смета дека политиката за проширување накратко сега доживеала замав во текот на првата половина од 2020. година со конечно зелено светло за С.Македонија и Албанија за отворање на преговорите.

„Сметам дека однесувањето на една држава членка, која го користи прашањето за проширување како националистичка преткампања за своите парламентарни избори на пролет, не е коректно, добрососедско, ниту во европски дух“, потенцира Пицула.

Верува дека сепак, моменталната ситуација не е долгорочно оддржлива.

„Со блокадата се испраќа лоша порака за земјите во процесот на проширување, се обесхрабруваат и се отвора простор за уште поголемо влијание на надворевропските фактори, кои немаат исти вредности како ЕУ. Без оглед на актуелните (не)прилики, Црна Гора како предводник на пристапниот процес во регионот, мора да го задржи фокусот на реформите. Капацитетот и наша поддршка за тоа секако има“, порача Пицула.

Според него, ЕУ нема формална поткрепа да го одблокира ветото бидејќи за тоа е потребна едногласна одлука на земјите членки.

Слични содржини