Пленковиќ денеска во Скопје на средби со државниот врв

од Nikola Popovski

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ќе престојува во еднодневна посета на нашата земја, каде што ќе оствари средби со државниот врв. Тој ќе предводи делегација во која се високи владини претставници за економски прашања и за надворешни работи и членови на хрватскиот Сабор, ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести.

За време на престојот во Скопје, Пленковиќ ќе се сретне со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, со шефот на државата, Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, при што ќе се обрати пред пратениците на свечена собраниска седница.

Пленовиќ ќе се сретне и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и со поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Стефан и со бискупот скопски на Католичката црква Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.

Во составот на македонската делегација на средбата ќе бидат и вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.

Официјалната посета на премиерот Пленковиќ ќе заврши со средба со претставници на хрватската заедница и хрватските компании во Македонија.

Слични содржини