По 40-ти пат отворена меѓународната изложба на технологии МАКИНОВА 2019

од Hristina Nikolovska

Денеска во Музејот на Град Скопје традиционално по 40-ти пат беше отворена традиционалната и најголема Меѓународна изложба МАКИНОВА 2019 и по 17-ти пат изложбата ЕКОНОВА 2019.

Изложбата опфаќа пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно творештво, а истата е во организација на Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија по повод Светскиот ден на науката.

Изложбата ЕКОНОВА 2019 на иновации, пронајдоци и идеи има за цел е подобрување на животната средина.

Покровител на манифестациите е претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски кој ги отвори изложбите.

– Младите пронаоѓачи се иднината на нашето иноваторство. Мора да вложуваме во нив и да им помогнеме да напредуваат и да се усовршуваат, порача Пендаровски. Секое одговорно општество, порача претседателот Пендаровски, ги стимулира пронаоѓачите.  Човечкиот потенцијал може да биде пресуден за нашиот развој, имајќи ги в предвид ограничените ресурси и географската местоположба, рече Пендаровски. – рече Пендаровски.

На меѓународната изложба МАКИНОВА 2019 и ЕКОНОВА 2019 пријавени се 113 учесници од кои 75 од Република Северна Македонија и 38 учесници од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Република Српска и Словенија.

Изложбите ќе може да се погледнат до 10-ти ноември.

Слични содржини