По Костов, и Илоски се стекна со 1.000 обични акции на Комерцијална

од Vladimir Zorba

Комерцијална банка АД Скопје известува дека Илија Илоски, Главен оперативен директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, се стекна со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.

Вчера од Македонска Берза соопштија и дека Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, исто така се стекнал со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка.

Во моментов, една акција се тргува за 7.761 денари.

Слични содржини