По него воздивнуваа жените ширум светот, а заради ботоксот повеќе не личи на себе (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Американскиот актер Реј Лиота (65) беше фотографиран со својата свршеница Џеси Нитоло (45) во ресторан во Калифорнија, а тие цело време се бакнуваа и не ги тргнуваа рацете едни од други.

Имено, славниот актер пред неколку месеци се сврши со 20 години помлада девојка, а од тогаш овој пар е неразделен.

Тие сега се фотографирани како разменуваат нежности, и повеќе пати ставаа до знаење дека станува збор за сериозна врска и дека никој не може да ги раздели.

За потсетување, двајцата се во врска од јануари 2019 година и не кријат колку искри има меѓу нив. Таа има четири деца од минати врски; три сина и една ќерка.

Реј тотално го смени личниот опис, затоа што сакаше да се подмлади, а многумина велат дека претерал со ботокс.

Најпознат е по улогата на Хенри Хил во крим-драмата „Добри момци“, а порано привлекуваше воздишки на жените ширум светот со својот сексапил.

Слични содржини