Ден Хагерти, кој го глумеше симпатичниот Гризли Адамс во истоимената серија од 1977 година, почина од рак во својот дом во Калифорнија. На Хагерти пред неколку месеци му беше дијагностициран рак.

download (15)

 

Серијата се прикажуваше една година, а базирана е на книгата според која во 1974 и 1982 година се снимени и филмови. Се работи за човек кој е неправедно обвинет и се повлекува во дивина, каде му го спасува животот на еден медвед гризли кој потоа му станува најдобар пријател.

Освен во серијата „Гризли Адамс“, Ден глумеше и во сериите „Чипс“ и „Чарлиевите ангели“.

Слични содржини