Почина градежен работник

од Берта Китинска

Вчера во 15:18 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 60-годишниот Б.С. од село Псача, кривопаланечко, а во 15:40 часот од страна на лекар била констатирана смрт, информираат од МВР.

Според пријавеното, тој се здобил со повреди додека извршувал градежни работи на ул. „Тетовска“ во Скопје.

Слични содржини