Починаа уште 7 лица како последица на коронавирусот, вкупно 3.126 од почетокот на кризата

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство соопшти дека нови 7 лица починале како последица на коронавирусот.

Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г,81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г).

Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Од почетокот на кризата вкупно починати се 3.126 лица.

Слични содржини