Починатата пациентка од Тетово, на Инфективна се лекувала две недели

од Берта Китинска

Дваесет и четиригодишната пациентка од Јегуновце, тетовско е најмладата пациентка досега која почина од коронавирусот.

Пациентката немала никакви хронични болести на Инфективна Клиника во Скопје била донесена на 28 јуни, а претходно се лекувала во Тетовската болница.

Денеска починаа 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519.

Слични содржини