Почна денешниот протест против францускиот предлог

од Vladimir Zorba

Граѓани со развиорен знамиња и со маички на кои е напишано „НЕ“, како и „Навиваме за Македонија“, се дел од учесниците на протестот против францускиот предлог што вечерва почна пред Владата.

На протестите пристигна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со потесното партиско раководство.

Според најавите, предвидено е обраќање на претседателот на опозициската партија.

Протестот против францускиот предлог, под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“, се одржува седми ден. Учесниците од Владата ќе се упатат кон Министерство за правда каде се очекува да ги искажат своите пораки, а потоа ќе продолжат пред Собранието.

Вчера, поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам протест не се одржа, а не се организираше ниту во петокот кога незадоволството беше изразено преку блокади во Скопје, на булеварот пред Владата, како и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

Иницијативата „Ултиматум – НЕ благодарам“ денеска преку соопштение до медиумите повика на масовност и на мирно и достоинствено протестирање.

Слични содржини