Поднесени 23 приговори до ДИК

од Берта Китинска

До вчерашниот ден во државната изборна комисија се поднесени се вкупно 23 приговори.

Како што соопшти ДИК, политичката партија ТМРО доставила седум приговори во општината Старо Нагоричане и тоа за избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181.

Седум приговори поднесе и Коалицијата на СДСМ. Тие се однесуваат за избирачките места 2966/1 и 2958/1 во општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во општина Конче, избирачките места 835, 874 и 865 во општина Кочани и избирачкото место 882 во општина Чешиново-Облешево.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговор за едно изборачки место, 1532, во Пробиштип.

Пет приговори пристигнале и од Демократската Унија за интеграција. Тие се однесуваат на избирачките места број 2341, 2352 и 2355 во општина Студеничани, и избирачките места број 2107 и 2108/1 во општина Желино.

За општина Брвеница поднесени три приговори од страна на Група избирачи Енвер Пајазити и тоа за избирачките места 2037, 2040/1 и 2038.

Слични содржини