Подољак: Додека светот брои голови на Светско, ние броиме колку ракети пресретнавме

од Stefanija Kuzmanovska

Михајло Подољак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, на Твитер напиша дека Украинците бројат колку руски проектили пресретнале, додека остатокот од светот брои колку голови постигнал нивниот тим на Светското првенство.

„Додека некој ги чека резултатите од Светското првенство и бројот на постигнати голови, Украинците чекаат друг резултат – бројот на пресретнати руски ракети.

Во тек е нов масовен напад врз украинските инфраструктурни објекти. Ние веруваме во NASAMS, IRIS-T и Силите за воздушна одбрана“, напиша Подољак.

Слични содржини