„Погледнете ја оваа пристрасност“: Трамп објави интервју пред телевизија

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Доналд Трамп емитуваше телевизиско интервју во четвртокот пред да биде прикажано на телевизија и тој необичен потег го оправда со тоа што сакал да покаже дека новинарот е пристрасен.

Трамп објави на социјалните мрежи скоро 40-минутен разговор со Лесли Стал, добро познат водител на емисијата „60 минути“ на „CBS“, со коментар: „Погледнете ја оваа пристрасност, омраза и грубост од „60 минути“ и „CBS“.

Претседателот, кој беше нерасположен и нервозен за време на интервјуто, постојано се жалеше дека добива „тешки прашања“, додека демократскиот ривал Џо Бајден има „лесни“.

„Само барам да бидете искрени“, и вели Трамп на Стал. „Би сакал да го интервјуиравте Џо Бајден како што ме интервјуиравте мене“.

Телевизијата беше „дискредитирана“ прашувајќи го Бајден кој е неговиот омилен вкус на сладолед, продолжи Трамп.

Тој исто така го обвини „CBS“ дека го штити Бајден затоа што еден репортер му рекол: „Не можеме да прашуваме работи што не можеме да ги провериме“.

„Што е премногу, премногу е“, рече Трамп на крајот од интервјуто и одеднаш го напушти студиото.

Републиканскиот претседател често ги обвинуваше медиумите дека не го сакаат, но објавувањето интервју пред телевизијата да го стори тоа е нешто што не е видено досега.

Уште во вторникот, Трамп се закани дека јавно ќе објави снимка од интервјуто во Белата куќа „за секој да може да види какво е „фејк“ (лажно) и непристрасно интервју“.

Интервјуто со Трамп требаше да биде објавено во посебна програма заедно со Бајден.

„60 минути“ е една од најгледаните емисии на американската телевизија, особено популарна меѓу постарите гледачи.

На објавувањето на видеото, Трамп го нападна и модераторот на последната дебата на претседателските кандидати, во која во четврток повторно ќе се соочи со Бајден.

„Денешната водителка Кристен Велкер е многу полоша!“, напиша тој заедно со најавата.

Тој претходно го обвини новинарот на „NBC“ дека го фаворизира Бајден.

Слични содржини