Погледнете како изгледала Меган Маркл на нејзината матура (ФОТО)

од Nikola Popovski

Иако на оваа фотографија има само 16 години, многумина сметаат дека Меган Маркл не се променила многу.

На социјалната мрежа Инстаграм неодамна се појави фотографија од Меган Маркл од нејзината матура, на која позирала со своето тогашно момче.

„Шеснаесетгодишната Меган Маркл позира со своето прво момче Луис Сегурио на божиќен танц во средно училиште во 1997 година“, стои под фотографијата.

Војвотката од Сасекс позира на оваа фотографија весела и насмеана, во црн фустан со светки, а многумина под фотографијата коментираат дека изгледа скоро исто како денес на 39-годишна возраст и дека воопшто не се сменила.

Слични содржини