Полиција приведе лице од Гевгелија и одзеле 272 штеки цигари на граничниот премин Богородица

од desk4

Денеска, на граничниот премин Богородица, полицијата приведе едно лице од Гевгелија кај кого пронашле и одзеле 272 штеки цигари од различни видови, без документација, со вкупна вредност од околу 300 илјади денари. Инцидентот се случи при контрола на патничкото возило “Опел Вектра” со велешки регистарски ознаки, којо било управувано од Н. М. од Гевгелија.

Полициските службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица известиле Јавен обвинител за настанот. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против Н. М.

Слични содржини