Полицијата поднесе кривична пријава против лице кое организирало свадба со 70 луѓе

Синоќа околу 19:30 часот, полицијата во угостителски објект во с.Здуње,Тетово, постапила по пријава за семејна веселба на која присуствувале 70 гости.

Објектот бил во сопственост на Џ.Б. (59) од Гостивар. На местото повикани биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат и бил извршен увид.

По целосно документирање на случајот, против Џ.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик.

Слични содржини