Полицијата во Москва заплени бетмобил

од Aleksandar Petrovski

Москвовската полиција заплени автомобил дизајниран по примерот на возилото на стрип јунакот Бетмен.

Автомобилот како оној од филмот Бетмен против Супермен е запленет во центарот на главниот град на Русија заради страв дека не ги исполнува безбедносните стандарди.

Овој автомобил не бил направен во фабрика, ниту поминал технички преглед и не бил регистриран.

По деталните контроли, сообраќајните полицајци одлучиле да го остранат од улица.

Полицајците соопштиле дека ниту димензиите на возилото не ги исполнуваат пропишаните критериуми.

Неименуваниот сопственик има 32 години и живее во Москва, а сега против него е покрената истрага заради сомнение дека направил три прекршоци.

Се терети за тоа што автомобилот ја нема потребната документација, димензиите се поголеми од дозволеното, а поседува и одредени карактеристики кои не се дозволени во сообраќајот.

Неодамна сличен автомобил е продаден на рускиот сајт Auto.ru.

Од Америка неодамна еден Бетмобил е извезен во Русија во 2018 година.

Во Русија му е унапредена електрониката, а како што пренесува рускиот портал РБЦ, продажната цена изнесувала 840.000 долари. Не е откриено името на купувачот.

Слични содржини