Полска бара Mакедонија и Црна Гора да бидaт примени во НАТО, за тензиите со Русија не и е гајле…

од desk3

Поранешните југословенски републики Македонија и Црна Гора треба да бидат поканети да се приклучат на НАТО на следниот самит на Алијансата во Варшава, кој ќе се одржи во 2016 година . На ова инсистираше полскиот министер за одбрана Томаш Симонјак, соопштува “Ројтерс”.

wl

Ваквиот потег би можел дополнително да ги влоши тензиите меѓу НАТО и Русија, што и без тоа веќе е на високи нивоа покрај кризата во Украина.

“Би било одлична вест, ако поканите на Македонија и Црна Гора можат да бидат испратени од Варшава”, коментира Симонјак на прес-конференција во Вроцлав.

“Се чини дека самитот на НАТО во Варшава, ако биде лишен од овој елемент, нема да донесе целосно задоволство на многу земји, вклучувајќи ја и Полска”, додал полскиот министер за одбрана.

Македонија и Црна Гора сакаат да ги следат чекорите на Албанија и Хрватска, кои се приклучија кон НАТО во 2009 година, забележува “Ројтерс”.

Русија е против какво и да е проширување на НАТО кон поранешните комунистички држави во Источна и Југоисточна Европа, што е дел од борбата за геостратешко влијание од времето по крајот на Студената војна, што лежи во основата на конфликтот во екссоветска Украина.

Слични содржини