Полска предложи Русија да биде исклучена од Г20

од Milan1

Полска денеска соопшти дека предложила на американските претставници Русија да биде исклучена од групата Г20 големи светски економии и дека тој предлог добил позитивен одговор.

Полскиот министер за економски развој и технологија Пјотр Новак во изјава, рече дека за тоа се разговарало на состаноците одржани во Вашингтон минатата недела.

„За време на состаноците со, меѓу другите, американскиот секретар за трговија Џина Раимондо, дадовме предлог Русија да се исклучи од Г20, што наиде на позитивен одговор и одобрување, а прашањето треба да му се предаде на претседателот Џозеф Бајден, изјави Новак пред новинарите во Варшава.

Засега нема одговор од американското Министерство за трговија.

Слични содржини