Попис 2021: Во кои ситуации може да ве попише друго лице?

од Берта Китинска

Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика во емисијата „Ја сакам Македонија“ објасни на каков начин ќе се попишуваат лицата кои се позитивни на ковид 19.

-Ќе имаме известување секојдневни од „Мој термин“ за новодијагностицирани пациенти и од кога им е стартувано решението за изолација. Во тоа известување ќе имаме адреса на живеење и број за контакт со лицето. Тогаш ќе го побараме лицето за да видиме дали има други членови во неговото домаќинство кои се  негативни за да можат да ни дадат од негови име податоци. Условите за да ве попише друго лице ќе се користат и во ситуации доколку попишувачот затекне само еден член на домаќинството тој тогаш ќе може да ве попише ако е полнолетен, ве познава и го знае вашиот матичен број, вели Ѓоргиева.

Слични содржини