Попладнево невреме во делови од Македонија

од Stefanija Kuzmanovska

Денес ќе дува умерен до повремено засилен ветер од североисточен правец поизразен во планинските региони.

Попладне ќе има и услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

До вторник ќе биде топло со променлива облачност и со услови за изолирана нестабилност претежно во планинските региони.

Од среда ќе дува умерен до засилен ветер и во попладневните часови од денот ќе има повремено пороен дожд проследен со грмежи, а температурите ќе опаднат за неколку степени.

Слични содржини