Поплавите ги натераа кенгурите вака да се движат низ вода (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Кенгури се забележани како пливаат низ поплавените улици во австралискиот регион опустошен од бурните пожари само неколку недели претходно.

Улиците во градот Конджол покрај истоименото езеро на јужниот брег на Нов Јужен Велс се претворени во реки откако силниот дожд ја зафати таа држава за време на викендот.

Жителите се принудени да се спасуваат од поплавите во мали чамци и кајаци, додека дивите животни вклучувајќи ги и кенгурите може да се видат како скокаат и пливаат низ водата.

https://www.youtube.com/watch?v=IlLDfP486Q8

Слични содржини