Поповска: Огорчени сме од амандманите со кои се блокираат измените во Изборниот законик

од Aleksandar Todeski

Огорчени и непријатно изненадени од илјадниците амандамани со кои се блокираат измените во Изборниот законик за една изборна единица и отворени листи, пратениците предводени од пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги повлечат амандамните и да се донесат измените.

Според пратениците, нејасно е зошто има толку амандмани, бидејќи и со една десетина од тие амандмани ќе се блокирало носењето на измените во Изборниот законик. Од ДУИ пак, тие добиле позитивен сигнал, бидејќи ги повикале на разговор.

„Сакавме разговор со иницијативата. Затоа ние 15 од различна партиска, етничка и верска припадност ги замоливме за средба и се обративме кај тројцата лидери. Освен СДСМ, двете партии, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не игнорираа. Ги поканивме и на дебатата во која исто така не игнорираа. Не ни остана ништо друго, освен да ги предложиме измените кои ги договоривме ние и СДСМ. Нашите предлози водат кон демократизација, но и поголемо влијание на граѓаните во изборите“, рече Лилјана Поповска.

Пратеничката нагласи дека иницијативата е започната уште во септември, кога имало повеќе од една година до изборите.

„Каде се тогаш аргументите за оспорување на нашите предлози. Им се обраќаме јавно на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да прифатат разговор и преку дебататата да дојдеме до договор. Нема да ги повлечеме промените. Премиерот Зоран Заев не слушна и ги прифати нашите барање. Ние кога влегувавме во коалиција со СДСМ тоа го имавме предвид“, рече Поповска.

Претседателот на Демократската партија на Турците, пратеникот Јусуф Хасани, кој е еден од потписниците на барањето за овие измени нагласи дека откако Предлог-законот бил ставен на дневен ред, дознале дека се спрема блокирање со образложение дека датумот за избори бил веќе договорен.

„Консензусот е договор помеѓу страните. Не е консензус ако за нешто се договориле владејачките партии и опозициската партија, а се изоставени малите партии кон кои гравитираат речиси една четвртина од граѓаните.  Јас овој закон го поднесувам под притисок на турскиот народ кој со векови живее тука и е една бројка од 100 илјади“, рече Хасани.

Александар Тодески

Слични содржини