Поповски: Средствата кон ветеринарните друштва се исплаќаат квартално

од desk3

Согласно законските рокови, средствата кон ветеринарните друштва ги исплаќаме квартално и тука не гледам ништо спорно, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски, реагирајќи на обвинувањата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски дека АХВ им должи околу 200 милиони денари на ветеринарните друштва.

poposki-ahv

Поповски апелира да не се пласираат невистини и да не се создава непотребна грижа јавноста зашто здравствена заштита на животните функционира, а храната е безбедна. Потврда за тоа, подвлече, освен системот за контрола кој е на највисоко ниво, претставува и извозот кој секоја година континуирано се зголемува.

– Најодговорно тврдам дека храната во Македонија е безбедна. Само лани се направени нешто повеќе од 42.000 официјални контроли, а извозот континуирано расте и компаниите се повеќе наоѓаат пласман. Но, тоа за Николовски и СДСМ е неразбирливо, затоа постојано плукаат по институциите, сакајќи да ги девалвираат, и да компромитираат се што е постигнато, истакна Поповски на прес-конференција.

Сите изјави на Николовски, додаде директорот, се контрапродуктивни зашто директно влијаат врз работењето на фирмите кои точно знаат колку се контролирани, каде и какви производи извезуваат.

И Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, преку својот претседател Евтим Шаклев кој присуствуваше на прес-конференцијата, апелира дополнителниот заменик – министер Николовски да не изнесува произволни, несоновани обвинувања зашто му штетат на земјоделството. Земјоделците, потенцира Шаклев, се трудат да го зголемат производството и да бидат поконкурентни на странскиот пазар, а сега, некој дома им забива, како што рече, нож во грб.

– Што е целта на овие изјави? Не разбираме како може некој да работи против сопственото земјоделство и својот народ. Нерешените проблеми со Владата или АХВ Николовски нека ги решава на друго место, а не преку нас да собира политички поени. Дали е свесен дека со ваквите обвинувања, оти наводно произведуваме неиспитано месо со сомнителен квалитет, им штети на производителите, дека неколку дена имаме намалена продажба, а потрошувачите ни се јавуваат и не прашуваат дали навистина нашата стока е вакцинирана? Сега, нашето производство ќе стои, а увозното ќе се троши во малопродажба, посочи Шаклев.

Невозможно е, додаде, некое ветеринарно друштво да му издаде на некој земјоделец пасош за здравствена состојба на неговиот добиток беа претходно извршена котрола, вакцинација и потврда.

Шаклев потсети дека производителите всушност се жалат што државата спроевдува толку многу контроли, а не дека тие се малку или нередовни. /МИА

loading...

Слични содржини