Популарниот Чендлер од „Пријатели“ во непрепознатливо издание: Гол задник и повеќе од 25 килограми вишок (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Познатиот холивудски актер и ѕвезда на хумористичната серија „Пријатели“ Метју Пери (50) се повеќе ги шокира своите обожаватели со неговиот изглед и вишокот тежина, а овој пат беше фотографиран со пантолоните надолу и гол задник.

Имено, актерот неодамна беше повторно фотографиран, како што велат фановите, во катастрофално издание, а што „испадна“ од него овој пат ги зачуди сите.

Актерот излегол од автомобилот, а бидејќи има скоро 25 килограми повеќе, му се соблекоа пантолоните и му се виде задникот, што обожавателите го карактеризираа како „голем и стар“.

Метју Пери, која ја играше улогата на Чендлер Бинг и кој во текот на една деценија ја засмејуваше публиката во познатата серија „Пријатели“ многу се трансформираше во однос на времето кога започна со снимањето на серијата во 1994 година.

Актерот денес поради проблемите со алкохолот и дрогата повеќе не личи на себе. Тој беше на лекување поради зависноста од таблети и алкохол, а во едно интрвју призна и дека не се сеќава на три години од снимањето на „Пријатели“ поради количината на опијати која ја земал.

Неодамна беше уловен и со пожолтени раце, што со неговата негрижа и нехигиена повторно ги згрози и загрижи фановите.

Се чини дека осамениот живот тешко му доаѓа, откако неодамна ја раскина врската со 21 година помладата девојка, агентката за таленти Моли Хурвиц (29), со која беше во врска од декември 2019 година.

Американските медиуми пишуваа дека не е познато што ја прекинало нивната врска, но актерот брзо и се посветил на потрагата по нова љубов.

– Му се посвети на барањето на нова љубов, контактира со нови девојки на интернет, им испраќа пораки, изјави извор близок на Метју.

Слични содржини