Поранешниот премиер на Словачка обвинет дека бил дел од криминална група

од Vladimir Zorba

Поранешниот премиер на Словачка, Роберт Фико е обвинет за организирање и учество во криминална група, заедно со поранешниот министер за внатрешни работи Роберт Калинак, соопшти денеска полицијата.

Полицијата во краткото соопштение не соопштува повеќе детали за кривичните дела за кои се товарат Фико и Калинак, пренесе АП.

Фико се очекува денеска на прес-конференција да одговори на обвинението.

Слични содржини