Hемцов и неговата 23-годишна љубовница- украинскиот модел Ана Дурицкаја ја завршиле вечерта во “Боско”,малку пред затворањето на ресторанот во близина на Кремљ, рекол келнерот, пренесура Ројтерс. Немцов изледал загрижен за организацијата на опозициониот митинг закажан за 1 март.

Со девојката ручал говедско месо, салата со балсамов сос, гулаш со дроб и бобинки. Атмосферата била прекината од телефонски повик.

Немцов дал интервју за украинско радио, објаснувајќи детали митингот. Решетката на рестораноѕт била спуштена околу 23 часот. Половина час подоцна политичарот бил застрелан

Денес Ана Дурицкаја, единствениот директен сведок не била на погребот

Инаку, денеска во предниот дел на “Москвски Комсомолец” адвокатот на Немцов соопштил дека Дурицката откажала да биде поддложена на детектор на лаги, повикувајќи се доживеаниот нервен шок. Адокатот ја испратил за Киев, говорејжи дека таа е во тешка психичка состојба.

Сепак руските медиуми денеска открина и други детали за убавицата на Немцов, која била во врска и со украинскиот пратеник Јуриј Береза, командант на полкот „Дњепат -1„ кој е во состав на Националната гарда. Други руски изданија тврдат дека Немцов имал интимна врска и со уште една жена Замира Џугуева, која тој ја запознал пред две години. Кога пријателите на Џугуева чуле за убиството на политичарот мислеле дека таа била покрај него.

Слични содржини