Поставени се 22 вакцинални пунктови: Започна масовната имунизација на населението во источниот регион

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук информираше дека утрово е започната масовната имунизација во источниот регион.

-Утрово започна масовната имунизација на населението во источниот регион во штипската сала „Јордан Мијалков“. Поставени се 22 вакцинални пунктови кадешто ќе се вакцинираат граѓаните. Ги повикувам сите заинтересирани граѓани да се пријават за вакцинација на веб страната vakcinacija.mk со што добијат термин и ќе бидат повикани да ја примат вакцината, информираше Филипче.

Слични содржини