Постигната рамката за компромис за името, следат потезите на Заев и Ципрас

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на 27, 28 и 29 мај престојува во работна посета на Брисел.

По вчерашните средби со високата претставничка Федерика Могерини и со МНР на Грција Никос Коѕијас, денес во организација на министрите за надворешни работи на Бугарија и Австрија, министерот Димитров, учествуваше на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија.

На синоќешната средба во Брисел преговарачите како што велат поставиле рамка за компромис за името – без да соопштат дали тоа значи дека е дефинитивно договорено и заеднички приофатливо решение за името.

Сепак, со оглед на фактот што преговорите продолжуваат само на техничко ниво пред разговорите Заев – Ципрас, процесот укажува дека решение има.

„Имавме продуктивна средба, имаме рамка што треба да се доработи и на неа во моментов правни тимови од двете министерства во Атина работат, се планира важен разговор на премиерско ниво – Заев со Ципрас кон средината на оваа недела, каде се надеваме дека ќе се пресечат некои важни работи од опциите што се во игра.“ – изјави Димитров.

Грчкиот министер Коѕијас вели дека сега работата ја превземаат премиерите Заев и Ципрас кои треба да го одобрат решението, по што после техничко – правбите детали ќе биде готов  и конечниот договор.

„Денеска и веројатно утре, ќе продолжат преговорите  на експертско ниво – она што треба да се реши се техничко – правните прашања. Веднаш штом завршат и тие и штом ќе бидат разјаснети техничките и правните прашања, текстовите подготвени на ниво на министри за надворешни работи ќе им бидат дадени на двајцата премиери, кои ќе разговараат и ќе постигнат конечен договор.“ – изјави Коѕиас.

 

Дискусиите на работниот појадок, кој се одржа во рамките на бугарското претседателсво со Советот на ЕУ, претстојното австриско претседавање и во пресрет на Советот за надворешни работи на ЕУ, беа фокусирани на политичките состојби околу евроинтегративните процеси на Република Македонија, имплементацијата на реформската агенда на Владата, како и добрососедските односи.

 

МНР Димитров ги запозна министрите на земјите членки со постигнувањата на Република Македонија во имплементацијата на внатрешните реформи и унапредувањето на добрососедските односи, како и со плановите на Владата и очекувањата во периодот кој доаѓаТој исто така ја истакна  потребата од поддршка на земјите  членки за усвојување на одлука за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, која ќе има значителен придонес во затворањето на сите отворени прашања и успешното спроведување на домашните реформи.

Во текот на вториот ден од работната посета на Брисел, во Советот на ЕУ, министерот Никола Димитров имаше и билатерални средби со неговите колеги од Данска, Андрес Самуелсен; Романија, Теодор Малешану; Тимо Соини од Финска како и со државниот секретар за европски прашања во португалското МНР, Ана Паула Закариас, британскиот министер за Европа, Алан Данкан, неговиот германски колега Михаел Рот и заменик шефот на кабинет на претседателот на Европската комисија и висок дипломатски советник, Ричард Шостак. Работната посета на Брисел продолжува утре, соопштуваат од МНР./МИА

Слични содржини