Повторно гранатирана нуклеарната централа Запорожје

од Vladimir Zorba

Украинските сили повторно ги гаѓаат Енергодар и нуклеарната централа Запорожје, објавија властите во Запорожјската област.

„Енергодар и нуклеарната централа повторно се мети на гранатирање на украинските сили. Според очевидци, во градот повторно се слушаат експлозии“, напиша на Телеграм високиот локален функционер Владимир Рогов, цитиран од Спутник.

Тој додаде дека властите ќе бидат принудени да ја конзервираат електраната доколку продолжи гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје.

Исто така предупреди дека Киев ќе остане без можност да се снабдува со струја од таа електрана.

Слични содржини