Повторно одземени бодови на Евертон

од Симе Стоиков

Англиската Премиер лига објави дека му одзема уште два бода на Евертон поради кршење на финансискиот фер-плеј.

Правилата за профит и одржливост (ПСР) им дозволуваат на клубовите да загубат 105 милиони фунти во текот на три години, а независната комисија откри дека Евертон го прекршил ова за 16,6 милиони фунти за тригодишниот период до 2022/23.

Оттука и казната што ги доведе „карамелите“ во непријатна позиција пред самиот крај на првенството – сега се на само два бода од зоната за испаѓање.

На Евертон оваа сезона веќе претходно му беа одземени бодови, првично десет, а по жалба беа намалени на шест, исто така од истата причина, само за период од три години до 2021/22 година

Слични содржини