Пожар на Родос, дел од островот без струја (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Поради пожарот кој избувна во неделата на Родос, поголемиот дел од овој грчки остров остана без електрична енергија.

Пожарот се заканува и на воената база Каламон и селото Псинтос, од каде што сите беа евакуирани.

Пожарникарите ги повикаа и жителите на околните села и населби да се евакуираат, бидејќи пожарот може брзо да се прошири, пренесува порталот „Грчки репортер“.

Пожарот предизвика прекин на електричната енергија во поголемиот дел од островот, а услугите на мобилните оператори беа прекинати, а некои жители пријавија дека немаат вода за пиење.

Пожарот го гаснат два авиона и три хеликоптери од воздух.

Високите температури и силниот ветер го шират огнот и во други делови на Грција. Од саботата беснее шумски пожар на Пелопонез, а жителите на неколку села се евакуирани.

Слични содржини