Прашања за сексот кои мажите не се осмелуваат да им ги постават на жените

од desk2

На некои мажи им е многу важно нивната партнерка подеднакво да ужива во сексот и да доживее оргазам. Не е вистина дека сите мажи мислат само на себе кога станува збор за сексот, барем не оние вистинските.

Иако повеќето од нив често се прават секс експерти, всушност немаат идеја како да ги задоволат припадничките на спротивниот пол. Но, оние кои сакаат да ја задоволат партнерката, многу ги интересира одговорот на овие прашања кои не се осмелуваат да им ги постават:

1. Колку често жените размислуваат за секс?

Истражување спроведено од онлајн страница за запознавање Illicit Encounters покажа дека жените на секс помислуваат околу 18 пати на ден, односно на секоја 51 минута, ако се смета дека спијат по 8 часа дневно. Тоа варира од жена до жена, а зависи од бројни фактори од кои женското расположение за секс може да се промени.

2. Дали жените навистина глумат оргазам?

Ова прашање им минува низ главите на многу мажи, а одговорот е потврден. Скоро секоја жена барем еднаш одглумила оргазам ако типот не е доволно добар во кревет или едноставно ако не била расположена за секс. Од друга страна, на секоја жена ќе ѝ биде помило никогаш да не глуми бидејќи и жените, како и мажите, уживаат во оргазмот.

3. Зошто жените сакаат да бидат горе?

Од истата причина како и мажите, да се чувствуваат помоќно и да ја преземат контролата.

4. Како да откријам што ја пали?

Многу едноставно, жената со која сте интимни најдобро е директно да ја прашате што е тоа што ја пали. Така ќе бидете и вие среќни и таа задоволена. Ако ви е непријатно тогаш можете да донесете заклучок по нејзините движења, што ѝ се допаѓа, а што не. Ако во текот на сексот почне да се оддалечува од вас, тоа е знак дека некоја поза или движење не ѝ одговараат, а aко ви се доближи повеќе, значи дека навистина ужива во тоа.

5. Какво е чувството кога доживуваат повеќекратни оргазми?

Мажите ова дефинитивно не можат да го замислат. Но, чувството е токму такво како што и звучи, повеќекратни бранови на возбуда едни по други од кои понекогаш ви се чини дека ја губите свеста.

Слични содржини