Предупредување на епидемиолог: Од коронавирусот ќе починат 42 милиони луѓе, а 5 милијарди ќе бидат заразени

од Nikola Popovski

Експертите стравуваат дека дури две третини од светската популација ќе биде заразена од новиот смртоносен вирус од Кина.

Епидемијата на коронавирус, официјално наречена Ковид-19 – од која досега починаа 1.018 луѓе и повеќе од 43.000 се заразени – би можела да зарази околу две третини од светската популација доколку остане неконтролирана, е алармантно предупредување од водечките глобални епидемиолози, пренесува Kurir.rs.

– Повеќето експерти сметаат дека секое заразено лице ќе го шири вирусот на околу 2,5 други, што доведува до заклучок дека вирусот има стапка на напад од 60 до 80 проценти. Дури 60 проценти од светската популација е ужасно голем број! И со општа стапка на смртност од не повеќе од 1 процент, вкупниот број на смртни случаи може да биде многу голем – изјави професорот Габриел Леунг, раководител на одделот за медицина на Универзитетот во Хонг Конг, за британските медиуми.

Во пракса, ова би значело дека ако живеат 7,8 милијарди луѓе во светот, 5,2 милијарди би биле заразени, додека дури 42 милиони би умреле од вирусот.

Бројот на загинати надмина 1.000, што го прави коронавирусот повеќе смртоносен отколку тешкиот акутен респираторен синдром (САРС), а д-р Том Фридрен, поранешен директор на американскиот центар за превенција и контрола на болести, рече дека тоа значи дека коронавирусот е „многу заразен“ и „можеби е невозможно да се задржи“.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејес изјави дека епидемијата е „многу сериозна закана за остатокот од светот“, при што комесарот за управување со кризи на ЕУ, Јанез Ленарчиќ, предупредува дека „пред да се подобрат работите, работите би можеле да бидат полоши“.

Слични содржини