Преговорите со Бугарија продолжуваат по нивните избори

од Берта Китинска

„Акцискиот план се адресира на транспортот, изградбата на инфраструктурата, граничните премини, гасната мрежа, железниците, патиштата, со тоа што подобро не поврзува со Бугарија. Тоа е акциски план за секторска основа каде што треба да ги зголемуваме соработките“, рече премиерот Зоран Заев.

Како што кажа тој, очекувањата се дека тој акциски план ќе биде усвоен на првата меѓувладина конференција помеѓу Северна Македонија и Бугарија по што ќе следи негово спроведување.

Она за што може да се разговара и за што ќе се разменуваат идеи во политичкиот дел, но по изборите во Бугарија, вели Заев, е кратката или долгата употреба на нашето Уставно име, иако тоа е веќе регуларано со Договорот од Преспа, потоа за прашање на регулирање на малцинствата, на што пак постојано инсистира Бугарија, иако и ова прашање е веќе регулирано со измените на Уставот по Преспанскиот договор со кои земјава се обврза дека нема да се меша суверените права и внатрешните работи на другите земји.

Премиерот пред неколку дена  најави дека пратениците на седницата на собраниската Комисија за надворешна политика најверојатно ќе бидат информирани за деталите од размената на идеи меѓу работните групи и министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија.

„За деталите од размената на идеи, за нон-пејперот, нашето последно размислување, но и нивната реакција која следуваше како одговор на нашиот акциски план“, рече денеска премиерот Заев по рочиштето за судскиот спор меѓу него и новинарот Зоран Божиновски, кого премиерот го тужи за клевета.

Слични содржини