Прелиминарна истрага: На дел од трупот на авион на Boeing му недостасувале завртки

од Stefanija Kuzmanovska

На делот од трупот на Boeing 737 MAX 9 на „Алјаска ерлајнс“, кој отпадна за време на лет, недостасувале четири клучни завртки, покажа прелиминарната истрага за инцидентот од 5 јануари.

Членовите на Конгресот и јавноста бараат одговор на прашањето што предизвикало пад на дел од новиот авион кој го покрива излезот за итни случаи кој не е во употреба. Инцидентот доведе до нова криза во Boeing и го наруши угледот на американската компанија.

„Без оглед на конечните заклучоци, Boeing е одговорен за она што се случи. Вакво нешто не треба да се случи во авион што ја напушта нашата фабрика“, рече претседателот и извршен директор на Boeing, Дејвид Калхун.

Американската федерална управа за авијација по инцидентот приземји 171 авион Boeing 737 MAX 9, поради инспекција. Авионите главно беа во сопственост на американските авиокомпании „Јунајтед“ и „Алјаска“, а од крајот на јануари повторно летаат.

Националниот одбор за безбедност на транспортот во вторникот објави извештај кој се фокусира на тоа како трупот можел да падне. Се прицврстува со четири завртки и потоа се прицврстува на 12 различни места долж рамката.

Според извештајот, делот бил отстранет во фабриката на Boeing во државата Вашингтон заради поправка, пред повторно да се инсталира. Според фотографиите во извештајот, недостасуваат завртките со кои требало да биде прицврстен.

Паднатиот дел е пронајден во дворот на куќа во Портланд, Орегон. Истражителите тогаш не ги пронајдоа завртките, а потоа беше направена сеопфатна анализа за да се утврди дали завртките биле таму пред инцидентот или се олабавиле за време на истиот.

Фотографиите покажуваат места каде што недостасуваат завртки.

Поради инцидентот, регулаторите и членовите на Конгресот ја засилија контролата на Boeing, на кој кон крајот на јануари му беше забрането да го прошири производството на авионот MAX 737 поради проблеми со квалитетот.

Акциите на Boeing паднаа за повеќе од 20 отсто од почетокот на годината.

Слични содржини