Претрес во Кичево, приведен дилер, пронајден кокаин

од Vladimir Zorba

На 14.05.2022 во 22.50 часот во Кичево од полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за внатрешни работи Кичево е лишен од слобода И.Б.(39) од Кичево, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се кокаин, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини