Претседателката на Молдавија: Во моментов нема сериозни закани за безбедноста на нашата земја

од Vladimir Zorba

Во моментов нема сериозни закани за безбедноста на Молдавија, изјави претседателката на таа земја, Маја Санду, коментирајќи ја изјавата на Алексеј Арестович, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, дека Украина и Романија би можеле да пружат воена помош на Молдавија ако е загрозена нејзината безбедност.

„Можам со сигурност да кажам дека во моментов нема сериозни закани за молдавските граѓани, особено оние што живеат на десниот брег на реката Днестар. Одржуваме контакти со нашите партнери кои информираат за дипломатските ризици преку дипломатски канали“, изјави синоќа Санду и нагласи дека молдавските власти се ангажирани во спречување на дејствија кои можат да претставуваат закана за безбедноста на земјата, пренесе ТАСС.

Санду додаде дека Моладвија има подготвени планови за спроведување мерки во случај на непредвидени кризни ситуации.

Слични содржини