Претседателот на Чиле со хрватско потекло гаѓан со камења (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ (36) бил нападнат со камења за време на неговата прва официјална посета надвор од главниот град Сантијаго.

Бориќ, левичар со хрватско потекло, кој ја презеде функцијата во март, бил во градот Ла Серена на 400 километри северно од Сантијаго, а пред да влезе во зградата на регионалната влада се приближи до железната ограда каде ги поздравил насобраните.

Камен бил фрлен од толпата и удрил во градите на шефот на кабинетот на Бориќ, пренесува Хина.

Засегнатиот чилеански функционер не е повреден, извести полицијата, која исто така објави дека го уапсила демонстрантот набрзо по инцидентот и дека сега го истражуваат неговиот мотив за овој инцидент.

„Ако некој мисли дека може да уплаши или да го смени начинот на кој сакаме да управуваме со државата, се лаже“, изјавил Бориќ на прес-конференција по инцидентот, пренесува Танјуг.

Бориќ е најмладиот претседател во историјата на Чиле, а во првите 30 дена од неговиот мандат се соочи со зголемени цени на горивото и јавниот превоз, барање за минимална плата и претходен конфликт со домородното населние Мапучи кои бараат автономија, мелиорација и признавање на културниот идентитет.

Слични содржини