Причини поради кои некои пушачи слабеат

од desk2

 

Ако сте пушач и сте забележале дека слабеете, немојте да мислите дека тое е добро, дури и да сте имале прекумерна тежина пред тоа.

Губењето килажа поради пушење е лош знак и треба да се избегнува по секоја цена.

Ако пушите само една или две цигари дневно и тоа може да доведе до губиток на тежина. Доколку се чувствувате и уморно, тоа е знак дека телото е исцрпено.

ЦИгарите содржат никотин, хемиско соединение кое се наоѓа во тутунот, поради што пушачите стануваат зависни. Дури и ако пушат една цигара дневно, таа може да го расипе апетитот. Никотинот е тој кој го намалува апетитот и ствара слој на јазикот поради кој храната станува невкусна.

Без апетт ќе прескокнувате оброци, затоа слабеете,а често пушачите побрзо би испушиле цигара отколку да јадат.

Чадот од цигарата ги стеснува крвните садови, а тоа влијае на желудникот, поради што не чувствувате глад.

Кога престанувате со пушење се здебелувате поради замената на цигарите со храна и враќање на навиките за јадење.

Слични содржини